Прогласена епидемија на морбили во Македонија

12 април, 20110
m
Министерството за здравство, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука за  прогласување на епидемија на морбили на цела територија на Македонија, информираше министерот Бујар Османи.
“Вкупниот број на заболени од мали сипаници во Македонија моментално изнесува 678, територијално распределени на повеќе од две третини од територијата на државата каде што живее повеќе од 50 отсто од вкупното население, а тоа е предуслов за прогласување на епидемија“, изјави Османи.
Министерот информираше дека ќе се ангажираат дополнителни материјални и човечки ресурси со цел рано детектирање и спречување на ширење на заразата и препорача матичните лекари да го пријавуваат секој забележан случај на морбили до институтите за јавно здравје, со цел следење на ситуацијата.
“Ќе се отворат пунктови низ градовите и селата, за да може граѓаните да ги користат нивните услуги, односно да направат прегледи и без здравствена книшка“, изјави Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести.
Од вкупниот број на заболени, 95 отсто се невакцинирани против мали сипаници, а мал дел од нив се вакцинирани само се една доза, од потребните две.
Во Скопје, од вкупно 424 случаи на заболени од морбили,  30 се хоспитализирани, од кои пет случаи се деца од една до девет години, 19 случаи се лица на возраст од 20 до 30 години, а останатите се дечиња на возраст под една година.  До сега нема регистрирано смртни случаи.
За да се спречи ширењето на заразата, треба да се изврши вакцинација на целата територија на државата на децата на возраст од шест месеци како и на невакцинираните лица до 40 годишна возраст.
Министерот Османи смирува дека ситуацијата е под контрола и вели дека министерството за здравство ги презема сите неопходни мерки за рано детектирање и спречување на последиците од мали морбили.
Почетокот на болеста се карактеризира со висока температура, малаксаност, црвенило на очите , течење на секрет од носот и сува кашлица. Карактеристичниот исип се јавува на лицето два до четири денови од почетокот на симптомите. Во овај период, телесната температура може да биде и до 40 степени и исипот се шири по телото и екстремитетите, а  се губи по пет до седум денови.
Најчести компликации од мали сипаници се пневмонија и дијареа.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi