Потребни состојки:
150 гр. ситно сецкани фстаци
100 гр. сецкани суви зрели смокви
100 гр. путер
1 лажичка екстракт од ванила
1 јајце
300 гр. брашно
Припрема:
Во блендер ставете го путерот и смоквите и миксирајте се додека не добиете кремаста смеса. Додадете го јајцето и екстрактот од ванила и повторно изматете. Додадете го брашното и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Потоа додадете половина од фстаците и повторно промешајте.
Тестото завиткајте го во ролат со дијаметар од 5 сантиметри, завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да се излади.
Во тавата за печење ставете хартија за печење. Извадете го ролатот и исечете го на парчиња со дебелина од 1 сантиметар, а секое колаче притиснете го во чинијата со преостанатите фстаци. Печете во загреана рерна на температура од 180 степени околу 10тина минути, се додека краевите на колачињата не потемнат. Добар апетит!