Научник од Кембриџ тврди дека домашните миленичиња имаат шесто сетило.
Научникот Руперт Шелдрејк од Кембриџ тврди дека животните имаат развиено шесто сетило. Тој наведува примери од миленици кои непогрешно го чувствуваат доаѓањето на газдата кога се враќа дома или пак кога му се случува нешто лошо и кога умира.
„Дури 50% од кучињата и 30% од мачките предчувствуваат кога нивниот сопственик треба да се врати дома од работа. Мачките често шетаат околку вратат, мјаукаат и гледаат кон бравата“, навел научникот.
Тој врз основа на 5000 сведочења тврди дека домашните миленици непогрешливо чувствуваат кога нивниот сопственик е тешко болен или пак умира далеку од куќата. Кучињата во тие ситуации силно завивале, а мачките вознемирувачки мјаукале и биле депресивни.