Прогласена е за насексипилна “тетка” на светот и најдобра “цуца” на сите времиња, а сега ја понесе и титулата за најзгодна жена.
Ѕвездата на романтичната комедија Џенифер Анистон е прогласена за најзгодна дама во Холивуд во годишната анкета “Најсекси тело”.
Анистон оваа титула ја добила во 2009 година, но во 2010 и 2011 од рака и ја “земаа” Ферги и манекенката Жизел Бундшен.
Џенифер оваа година ги победи убавиците Бар Рафаел и Шакира.
Во анкетата учествуваат жени и мажи од целиот свет, а ја дополнуваат и пластичните хирурзи кои веќе 20 години работат на најпознатите имиња во Холивуд, Ричард Флеминг и Тоби Мајер.