Проектот кој започна во мај се очекува да се реализира од страна на независен продуцент и режисерот Лари Томпсон.
Според пишувањата на американските медиуми, досега проблематичната Линдзи Лохан, треба да ја глуми иконата Елизабет Тејлор. Филмот насловен “Elizabeth & Richard: A Love Story” првенствено треба да се фокусираат на љубовта меѓу Тејлор и Ричард Бартон, која е навистина една од најследените романси во Холивуд од страна на медиумите. Како што сега стојат работите, филмот ќе биде во режија на независен продуцент и на режисерот Лари Томпсон.
Инаку, младата и бунтовна Лохан неодамна ги собори сите рекорди во продажба на магазинот Плејбој кога неодамна се појави на насловната страна. Исто така, во нејзиниот дом во Лос Анџелес беше уапсен натрапник, кој беше потоа беше изречена условна казна.