Во Лондон минатата недела преку стотина граѓани излегоа на протести за демократски промени во Белорусија.
Дополнително внимание на овој протест предизвика присуството на холивудските актери Кевин Спејси и Џад Лоу, кои го осудија режимот на председателот Александар Лукашенко.
Не може да се правиме дека тоа не не допира нас, во затворите ширум Белорусија има преку 40 политички затвореници, изјавил Спејси.