Актуелната турнеја “360 степени” на исрскиот бенд U2, доведе до нов рекорд во историјата на музиката. Имено бендот го сруши рекордот кој Rolingstouns го држеа од 2005 и 2007 година, за најмногу продадени карти.
U2 го надминаа рекордот од 558 милиони долари, по одржаниот концерт на 10 април во Сао Паоло во Бразил. Нивната турнеја трае од јули 2009 година, а треба да одржат уште 20 концерти.
За досегашните 110 настапи, тие продале повеќе од седум милиони карти.