За приготвување на овошната вода за коса потребни ви се еден портокал, едно јаболко, 100 гр диња, две лажици јаболков оцет и 1-2 литри вода во зависност од должината на косата.
Измиените, излупени и ситно исецкани портокал, јаболко и диња заедно со изренданата кора од портокалот се заливаат во емајлиран сад со врела вода и се оставаат повторно на слаб оган 10 минути. Се одстранува од оганот и се остава така да одстои два часа. Течноста се прецедува на што се додава јаболковиот оцет. Се чува во стаклен сад во ладилник. Кон водата за плакнење на косата секој пат додадете и 300 мл од течноста. Резултатите се неверојатни!