Претседателот на САД, Барак Обама во Белата куќа се сретнал со Анџелина Џоли и Бред Пит, пренесуваат денес американските медиуми. Двојката била забележана вчера вечерта во куќата на претседателот непосредно пред тој да замине во посета на Чикаго.
Од Белата куќа е потврдено дека двајцата актери престојувале во Вашингтон, каде филмот “Во земјата на крв и мед” кој Анџелина Џоли го режирала, е прикажан во Музејот на холокаустот.
Како што е наведено, Анџелина и Бред во Белата куќа дошле да разговараат со претседателот за ангажманот на Анџелина во борбата против насилството врз жените и масовните злосторства. Сето тоа делувало многу мистериозно, со цел медиумите да не направат “спектакл” на самиот настан, а и Барак немал многу време да им се посвети.
Обама во 2009 година се состанал со Бред Пит, со кој разговарал за неговите активности поврзани со изградбите во Њу Орлеанс, разурнати од ураганот Катрина.