Освен што се светски ѕвезди, познати по своите улоги, песни или спортски достигнувања, познатите фацки ја интригираат јавноста и со тоа што го прават во нивното слободно време. Некои од нив навистина имаат необични хоби:
Колекционерството е широко распространето помеѓу славните личности, но покрај нормалните колекционерски предмети, како порцеланските кукли на Деми Мур и Бритни Спирс, има и некои необични колекции, како на пример колекцијата на бубачки на манекенката Клаудија Шифер.
Оскаровката Никол Кидман ужива во собирање на ретки стари пари, додека Анџелина Џоли ужива во малку поопасна колекција на ножеви.
„Првите ножеви ми ги купи мајка ми кога имав 11 или 12 години“ изјавила познатата актерка која сака својата љубов кон ножевите да ја пренесе на нејзиниот 10 годишен син Медокс.
Мајсторот на боречни вештини, актерот Џеки Чен, кога не се тепа со лошите момци, собира сетови шољички за чај.
Актерот Робин Вилијамс, кој е познат по фактот дека имаше проблеми со алкохолот и дрогата, ужива во играње на компјутерски игри.
Едно од најнеобичните хоби на познатите е она на Џони Деп, кој кога не глуми некој екцентричен лик, ужива да си игра со барбики.
„Да, сакам да си играм со барбики. Тоа е интересна работа која може да ја правите со своите деца“, вели Деп.
Познатата манекенка Кејт Мос обожава синхронизирано пливање, заради кое често оди на обуки во Тајланд, додека актерката Кирстен Стјуард е љубителка на жонглирање.
Том Круз, кој се прослави со своите улоги во акционите филмови, тренира мечување. Со ова хоби тој ги „заразил“ и своите пријатели фудбалерот Дејвид Бекам и актерот Вил Смит, а има и посебна соба за мечување во неговиот дом.
Џастин Бибер е фан на нешто што беше вистински хит во осумдесетите години. Станува збор за Рубиковата коцка, која оваа тинејџерска атракција ја склопува за една минута и 23 секунди.