Китовите се најголемите цицачи што постојат. Овие прекрасни цицачи се комплетно адаптирани на животот под вода. Иако тие изгледаат како огромни риби, сепак има голема разлика меѓу нив и рибите во тоа што китовите имаат бели дробови, наместо со жабри како рибите.
Срцето на китовите е поделено во неколку комори, и тие се топло крвни животни(за разлика од рибите), ги раѓаат своите малецки и ги дојат.
Овие цицачи ги има во над 80 видови, кои варираат од мали до огромни(најголемите се и по повеќе од 30 метри ).
Китовите најчесто живеат долго, па така се знае за мажјак кит којшто доживеал неверојатни 210 години.
Овие животни се исто така многу дружељубиви и скоро секогаш патуваат во група. На жалост на некои китови им се заканува истребување, и тоа поради човекот. Човекот ги става во опасност од исчезнување од лицето на земјава преку нивното прекуумерено ловење и загадувањето. Време е ние како луѓе да се погрижиме да престане истребувањето на овие прекрасни животни… Во прилог погледнете некои од видовите на китови.
1) Гренландски кит. Овој кит е најнезагрозен од сите видови, зашто е распространет насекаде. Најчесто живеат во областа околу Арктикот. Нивните тела може да тежат од 75 до 100 тона и тие може да бидат во должина од над 20 метри. Нивната популација брои околу 9000 единки.
2) Перкаст кит. Овој вид на китови е еден од поголемите и неговата должина може да изнесува и до 20 метри, а тежината да биде од 45 до 75 тона. Тие најчесто имаа кафеаво-сиваста боја на грбот и бела боја одоздола. Инаку овој вид спаѓа под најзагрозените видови поради тоа што луѓето ги ловеа неконтролирано особено во 20тиот век.
3) Сеј-китот. Овој вид на китови се смета за еден од најголемите. Припаѓа на семејство Рорквали и е трет по големина ( по перкастите и плавите китови). Го има во повеќето океани, и живее во длабоки води, подалеку од обалата. Може да достигне големина од преку 20 метри и тежина од 20тина тони. За време на 20тиот век преку 250.000 единки од овој вид биле уловени. Денес овој вид е заштитен вид и брои окоу 80.000 единки.
4) Грбав кит. И овој вид на китови исто така припаѓа на Рорквали семејството. Овој кит го има во сите океани и во повеќето мориња. Големината му е од 12 до 16 метри а тежината од 25-30 тона. Грбавите китови се лесно препознатливи по крупните тела и грпките. Грбавите китови јадат само во летно време, и тоа во поларните води, а во зима мигрираат во потоплите води каде се парат и се породуваат. За време на зимата тие не јадат, и вадат енергија од своите резерви на сало. Како и повеќето видови, така и грбавиот кит е жртва на човекот и сега ги има само околу 80.000 единки.
5) Сив кит. Овој кит го има во поголем број во Северниот Пацифик(во близина на Северна Америка) и во помал (загрозен) број во Северо-западниот Пацифик (кај Азија). Овој вид брои окоу 26.000 единки и е како вид се со средна големина, односно должина од околу 14 метри и тежина од 14 до 35 тона. Сивите китови на времето биле нарекувани и ѓаволски китови, поради борбеноста што ја прикажуваат кога се ловени.
6) “Caperea Marginata” китовите. Овој вид на китови е еден од помалите, и неговата максимална тежина може да биде 3.5 тона, а најголемата должина досега е 6.5 метри. Овој вид најчесто е населен во јужните делови на океаните, а точната бројка на единки е непозната.
7) Минке китот. Овој кит живее во океаните и морињата во јужната хемисвера и не се знае колкав број на единки има од овој вид. Овие китови инаку достигнуваат од 7.5 до 10 метри во должина , а може да тежат до 9 тона.
8) Плав кит. Овие китови се најголемите од сите и достигнуваат големина од повеќе од 30 метри и тежина од над 100 тона. Овој вид го има во сите океани и се храни со планктони и други ситни организми. И плавите китови спаѓаат во загрозените видови, и бројат околу 12.000 единки.