Нова фризура, долга брада, тетоважа…
Познатиот актер препознатлив по своите неверојатни улоги во некои од најгледаните комедии, Џим Кери за потребите за снимање стана “плавуша” со долга коса. Џим својот имиџ го променил поради улогата во филмот “Burt Wonderstone”, кој во моментов се снима во Лас Вегас.
“Burt Wonderstone” е приказна за познат магионичар кој по долгогодишна соработка прекинал со својот партнер. По извесно време, Бурт сака да се смири и повторно да се избори за своето место на сцената, која му е загрозена поради појавата на новиот и модерен магионичар “Џим Кери”. Филмот е во режија на Дон Скардино, а покрај Кери, во него глумат Оливија Вајлд, Стив Керил и други…