Група лопови во Манчестер вложиле извонредна количина на време и напор за да заработат некои пари, па ископале 30 метри подземен тунел за да можат да ограбат банкомат.
Карадците ископале тунел точно под банкоматот, а користеле посебен алат да пробијат 38 сантиметри бетон за да ги украдат парите. Се чини дека работата ја започнале пред 4 години со намера да го ограбат истиот банкомат, но нивниот план тогаш го спречиле работниците кои поставувале цевки за енегретски кабли. Тогаш тунелите ги пополниле со бетон.
Полизискиот командир Ијан Шор изјавил дека во својата долгогодишна кариера никогаш не видел толку добро осмислен грабеж.
Шор смета дека крадците својата намера долго ја планирале и верува дека не можеле ова да го чуваат во тајност и веројатно некому му раскажале за нивниот план.
Не е објавено колку пари се украдено од банкоматот, но износот наводно не бил висок, бидејќи од банкоматот околу Нова година се подигнати многу пари.