Витамин Ц – функции и извори

popara16 јануари, 20121min00
3

Витаминот Ц е меѓу најважните супстанции од кои имаме потреба, за да сме здрави. Човечкиот организам не може да синтетизира и да складира витамин Ц, па затоа треба да си го набавуваме секојдневно консумирајќи храни во кои тој се содржи.

Здрава кожа – Витаминот Ц учествува во производството на колаген, протеин што се наоѓа во кожата и рскавиците. Имено колагенот ја прави кожата да изгледа затегната и мазна. Неслучајно луѓето со дефицит на витамин Ц имаат сува, без сјај и кожа што се лупи.

Антиоксиданти – Тие се основната заштита на организмот од слободните радикали, молекули кои го оштетуваат и намалуваат животот на клетките. Во својата улога на антиоксиданс, витаминот Ц ја подобрува функцијата на имуниот систем и со тоа го намалува ризикот од појава на рак и други болести, вклучително грип и настинка.

Од зеленчукот најбогати извори се зелената пиперка и магданосот, потоа брокулите, зелката, карфиолот, спанаќот и другите темнозелени листести растенија.

Цитрусовите плодови како лимони, грејпфрут и портокали се најпопуларни кај нас како богати извори на витамин Ц. Всушност од сите цитруси најбогато со витамин Ц е кивито со околу 90мг во 100 грама плод.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma