Американскиот актер Ештон Качер инсистира на фаќање и казнување на хакерот кој му го украл профилот на Тwitter.
Качер вели дека неговиот профил е хакиран на 15 јануари. Исто така, хакерот намерно го користел неговиот Foursquare и така ја открил неговата локација.
“Некој очигледно мислел дека е доволно паметен да го хакира мојот профил. Господине хакер, си направил една грешка. Сега ја знам твојата адреса. Ова ќе биде забавно. Ќе те фатам пријателе”, му порачал Качер.
Актерот неодамна го предал профилот на својот тим по контроверзните пораки за секс скандалот на Универзитетот Пенсилванија.
Поранешниот маж на американската актерка Деми Мур изјавил дека научил да размисли убаво пред да даде било каква изјава.