Даниел Т. од Њујорк неможела да се помири со смртта на своето милениче, па решила да го клонира. Таа се обратила на една јужнокореанска компанија, која инаку е единствена во светот што се занимава со клонирање на животни, а оваа „инвестиција“ ја чинела 50.000 долари.
Експертите од нејзиното мртво куче земале ДНК примероци и од него направиле ново.
„Навистина не гледам разлика меѓу кучињата, имаат идентични движења и си играат исто“, изјавила Даниел.
Нејзиниот миленик починал пред три години, а неговата смрт таа никогаш не ја преболела и многу била тажна. Нејзиното куче инаку се викало Trouble, а новото се вика Double Trouble.
httpv://www.youtube.com/watch?v=r7epfXkl7no