Една нова апликација на социјалната мрежа фејсбук овозможува корисниците да испратат последна порака после смртта, дали со видео снимка или пак со напишан статус.
Компанијата која ја направила оваа апликација под името „If I Die“, предлага да ја споделите животната приказна со своите пријатели на фејсбук.
Апликацијата не го поставува автоматски вашиот „последен збор“ на фејсбук, туку вие лично ги избирате тројцата пријатели кои ќе ја примат пораката.
Само ако пријателите ја потврдат вашата смрт, вашата последна порака ќе се појави на ѕидот од профилот на фејсбук.