Зимска нега и заштита на рацете

popara17 јануари, 20121min00
race

Покрај лицето, рацете се најизложениот дел од вашето тело на надворешните влијаниа и затоа е важно да им пружите адекватна нега, особено на ниски температури. Надворешните фактори, како студеното време, ветерот и наглите промени во температурите штетно влијаат на кожата на рацете и без правилна нега, кожата на рацете станува сува и испукана.

Затоа, многу е важно редовно да правите пилинг на рацете за да ги отстраните мртвите клетки од кожата и да овозможите длабинска нега. Купете пилинг или пак направете го сами. Доволно е да направите смеса од малку мед, крупна сол и павлака и да ја нанесете смесата на рацете и да ги истриете неколку минути. Во зима се препорачува пилинг на рацете најмалку еднаш неделно.

Одвреме навреме нанесете маска на рацете, најдобро е тоа да го сторите веднаш по пилингот. Намачкајте ја маската, ставете ракавици или обвиткајте ги рацете со фолија – топлината ќе направи кожата подобро да ги впие хранливите состојки. Оставете ја маската на рацете да стои околу 15 минути, па измијте ги рацете најпрво со млака, а потоа и со студена вода.

За максимална заштита на кожата, важно е да изберете соодветна крема за раце. Најдобар ефект имаат кремите направени на база на путер, сончогледото, маслиново или кокосово масло збогатени со алое вера и витамини. Доколку одите на планина и скијате, се препорачуваат креми со пчелин восок кои се хранливи и пружаат соодветна заштита од студеното време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma