За свеченото доделување на Златен глобус ќе се зборува уште долго, но за овој потсмев на релити ѕвездата Ким Кардашијан ќе се зборува засекогаш.
На удар на главниот забавувач на 69 доделување на Златен глобус, Рики Жерве се најде старлетата Ким Кардашијан, која комичарот ја споредил со Војвотката од Кембриџ.
“Златен глобус споредено со Оскари, е она што е Ким Кардашијан споредено со Кејт Мидлтон. Значи, повеќе отпад, повеќе алкохол, а и полесно се вари. Наводно, ништо не е докажано”, изјавил Рики и предизвикал фантастично изненадување за публиката.
Но, не застанал тука, се вратил и на бракот на Ким кој траеше 72 дена: “ Што е со сите овие разводи? Арнолд и Марија, Џенифер Лопез и Марк Ентони, Деми и Ештон, Ким Кардашијан со оној дечко кој никој не го запамети. Не се задржа долго, само 72 дена. Бракот им траеше 72 дена! Подолги од ова беа говорите за благодарност на Џејмс Камерон, верувајте ми!”.
http://www.youtube.com/watch?v=bF1oOoh2iOQ&feature=player_embedded
Иако потсмевот на Рики за Ким бил многу болен, ѕвездата го примила со стил, нарекувајќи го “урнебесно смешна шега, но неточна, бидејќи таа не пие”.