Актерот Раде Шербеџија со Анџелини Џоли го сними филмот “Во земјата на крв и мед”. Од тогаш многу брзо се сзбижија и спријателија. Познатиот актер открива каква е таа всушност.
-Луѓето ширум светот сметат дека ја познаваат Анџелина Џоли, бидејќи постојано слушаат и читаат за неа, но всушност тие незнаат ништо. Чувствувам дека само што почнав да ја запознавам и ако ме прашате што све дознав за неа, ќе ви кажам дека морате да снимите филм со неа или да се спријателите. Таа ми го понуди своето срце и ми понуди да бидеме пријатели, а се спријатели и со целата екипа од филмот. Таа толку топла и мила личност. Кога новинарите ме прашуваат каква е како режисер, јас тоа потполно го заборавам, бидејќи знам само каква е како пријателка. Таа на целата екипа на филмот ни даде крила и не натера да полетаме, а токму тоа е карактеристика на голем талент каков е таа самата, изјавил Раде Шербеџија за Santa Monica Mirror.
Раде, Анџелина како режисер ја споредува со Клинт Исвуд, а тоа, според неговите зборови, многу ја израдувало бидејќи таа е негова огромна обожавателка.