Помалку познати последици од стресните ситуации

popara18 јануари, 20121min00
stres

Гребаниците не зараснуваат: Студијата на група американски научници покажа дека, како последца на стрес, на повредите им е потребно подолго време за да зараснат. Лекарите направиле мали ранички на лактовите на група жени кои биле загрижени за хроничните болести на своите блиски. На групата жени под стрес им било потребно дури 9 дена повеќе за да зараснат нивните рани отколку на контролната група.

Нечиста кожа: Стресот може да влијае и на нивото нa машкиот хормон андроген, кој предизвикува поголемо производство на масти од лојните жлезди, што доведува до запушени пори и акни.

Заборавеност: Високото ниво на хормонот за стрес кортизол, може привремено да влијае на нашата способност да се сетиме на некои познати информации. Уште полошо, хроничниот стрес ги оштетува мозочните клетки.

Поголема опасност од болести: Стресот го ослабнува имунитетот, па може да бидете болни почесто и подолго. Луѓето кои се под стрес имаат двојно повеќе шанси да се разболат.

Мачнина: Стресот може да го поремети нормалното функционирање на желудникот и да предизвика проблеми во дигестивниот тракт. Анксиозноста и стресот може да предизвикаат зголемено ниво на желудочни киселини, како и да го успорат празнењето на храна од желудникот и да предизвикаат создавање на чирови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma