Британскиот модел Алисиа Доувал, повеќе позната по своите пластични операции, отколку по успешната кариера на модел, признала дека по 16 операции на градите и понатаму може да го дои своето дете. Таа изјавила дека ова за неа е чудо и дека е пресреќна.
„Можете ли да поверувате дека го дојам детето и после 16 операции“, рекла Алисиа.
Алисиа (32) признала во еден интервју дека за своите пластични операции потрошила 1,2 милиони евра, а според неа изгледот и е совршен. Инаку, таа со години се лечи од зависноста од пластични операции. Таа самохрана мајка има уште една ќерка која има 16 години.