Оскаровката Џенифер Хадсон, чија борба со килограмите на сите веќе ни е добро позната, својот пат и борбата со килограмите ги преточила во книга, ни чија промоција блеснала како никогаш досега.
Книгата Како ги променив навиките и изгубив се што беше излишно на мене, Џенифер ја промовирала во библиотеката во Илиноис.
Со многу фаноци, одлично расположената Џенифер одговорила на сите прашања на новинарите и открила како успеала да симне неверојатни 40 килограми. Оваа вечер ја поддржале и нејзиниот вереник Давид Отунг и нивниот син Давид Јуниор.
“Кога велам дека го сакам своето тело, било да е дебело или слабо, навистина ја кажувам вистината. Килограмите успеав да ги симнам со многу напор и со помош на апликациите на iPhone. И ден –денес внимавам на исхраната и верувам во својот iPhone, кој се ми кажува. Покрај тоа, имам нотес во кој пишувам баш се што ќе изедам”,вели Хадсон, која никогаш не би се подолжила на естетска корекција.
“Секогаш велам дека ако нешто не биде природно, тогаш немора воопшто да биде. Секогаш она природното е нареално, а промената на начинот на исхрана ќе ве научи да имате контрола над себе”, заклучи Џенифер.