Медведев: Западот си ги пречекори овластувањата во Либија

popara14 април, 20111min00
w
Западните земји, кои учествуваат во воената кампања во Либија, ги пречекорија своите овластувања, кои произлегуваат од Резолуцијата на Советот за безбедност на ООН, објавува РИА “Новости“, изјава на рускиот претседател Дмитри Медведев, пренесува Нетпрес.
Според него, либиската резолуција е еден обичен нормален документ, кој пак се интерпретира неправилно.
“Кога слушам дека резолуцијата е лоша, тоа не е вистина. Резолуцијата е сосем нормална. Но, резолуциите треба да се исполнуваат, а не да се прават обиди за пречекорување на мандатот, заложник во тие резолуции. Тоа всушност е една многу опасна тенденција во меѓународните односи“, рекол Медведев.
Рускиот претседател посочил дека во однос на резолуцијата 1973 за Либија има едно токму такво пречекорување на овластувања. Тој потенцира, дека резолуциите на Советот за безбедност треба да се исполнуваат “во соодветствување со нивната содржина и дух“, а не како им одговара на одделни страни.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma