Проблематичната актерка Линдзи Лохан на последното судско сослушување во Лос Анџелес се појавила во многу гламурозно издание.
На последното судско сослушување во вторникот во Лос Анџелес, 25 годишната актерка Линдзи Лохан од судијата Стефани Саутнер добила пофалба за доброто однесување, откако веќе некое време редовно ги исполнува своите должности, кои се состојат од друштвена корисна работа во градската мртовечница и редовните консултации.
“Само така продолжи. Одлично ти оди за сега”, и кажала на проблематичната актерка.