ТВ и музичката компанија Simco, во сопственост на Симон, која ги произведува “The X Factor “ и “American’s got talent” направи заработувачка од 32.4 милиони долари за само девет месеци во 2009 година. Се смета дека за оваа заработувачка е заслужна Сузан Бојл, која стана светска сензација токму таа година, појавувајќи се на “Britain’s got Talent”.
Симон кој е сопственик на Британските и Американските верзии за овие две шоуа заработува и 50% од профитот на договорите со суперѕвездите, како што е и Леона Луис.
Во моментов богатсвото на Симон се проценува на 164 милиони долари, а за следните шест години на неговата сметка се очекуваат да бидат вкупно 1 билион долари, врз основа на потпишаниот договор со кој се гарантира неговото присуство во шоуто.