Секоја песна ве потсетува на старата љубов и ве растажува…Не можете да се избавите од порочниот круг мисли за тоа кој е виновен, што тргнало наопаку и најлошото – со кого ли е сега…
Единствената насока во која треба да ги насочите силите, мислите и енергијата, е да осознаете дека всушност ништо не можете да сторите. Но ова не се случува веднаш, бидејќи тагувањето е процес, низ кој треба да се мине, за да бидете излекувана.
Најпрво доаѓа одрекувањето.Тоа е фазата кога сметате дека разделбата е привремена и дека се ќе се промени, дека се ќе биде како порано, дека ќе биде подобро. После ова настапува гневот , кон него или кон вас самата, за распаѓањето на врската. Наредната фаза е депресијата, најтешкиот период, во кој се чувствувате како без него да нема смисла ништо во животот, особено во сопствениот. Кога ќе го надминете овој период, сама или со помошта на терапевт или пријател, доаѓа прифаќањето и заедно со тоа способноста да се продолжи напред. Се разбира многу е полесно да се впуштиш во самосожалување и страдање отколку да се мотивираш и да продолжиш со животот. За среќа животот секогаш наоѓа начин, а софтверот на Вселената е програмиран за преживување.
Наместо да се фокусирате на негативното, искористете ја ситуацијата, за да научите нешто за себе си, што ќе ви биде од полза во следните врски. Истовремено анализирајте го неговото поведение и направете извод за тоа какви квалитети не би толерирале кај следниот партнер.
Може да ви изгледа, дека дошол крајот на светот, но се разбира тоа не е точно. Вие можете и ќе продолжите напред. Фатете се здраво за малите работи од реалноста, кои ќе ве вратат назад во неа.