Да „уловиш“ еден маж може да биде колку лесно, толку и тешко. Некои од вас слушнале дека е доволно само да се соблечеш и да му направиш салата, други дека треба да знаеш неверојатни гејша техники…но вистината е дека мажите немаат универзален код, но има неколку техники кои ќе ви помогнат да ја фрлите јадицата и да ја покажете својата намера недвосмислено.
Остави нешто на фантазијата – мажите ги сакаат женските тела, но не сакаат да излегуваат со жени кои наликуваат на проститутки. Важно е да ги покажеш убавите телесни атрибути без да се разголуваш. Од една страна ова создава впечаток за жена која рачуна на нешто повеќе освен на своите физички атрибути, а од друга страна му даваш материјал за размислување…
Покажи самодоверба, но самодоверба не е исто што и ароганција. Границата помеѓу овие две нешта е многу тенка, па затоа требва да внимаваш. Мажите паѓаат на самоуверени жени но не и на феминизирани доминатори. Тоа се прави многу лесно со невербална комуникација – стој изправена, насмевни се широко, гледај го во очи, сето тоа ќе те направи да се чувствуваш уверена пред објектот на своите желби.
Поиграјте си малку – мажите ги сакаат малите женски игри, сакаат да има и лов. Целта е златната средина, ако бегаш премногу, може да се откаже, ако пак веднаш му го отвориш срцето (и телото) ќе се исплаши и ќе побегне.
Заклучок – биди мистериозна и игрива, заинтригувај го, остави го да зборува за себе, флертувај предимно со јазикот на телото, дразни ги неговите сетила со својот изглед, парфем, атмосфера, допир, вкус. Биди уверена. Успешен лов дами!!!