Осомничен за кражба на кредитни картички скокнал од балконот на хотелот за да и избега на полицијата.
Откако полицијата му влегла во траг на крадецот на кредитни картички, решила да го следи 30 годишниот осомничен за да го фати на дело.
Криминалецот изнајмил соба во Шератон хотелот во Калгари, Велика Британија, но откако полицијата му тропнала на врата тој скокнал од балконот од вториот кат за да избегне испрашување.
Скокајќи од висина од повеќе од осум метри, осомничениот се повредил, а од полицијата велат дека ќе му биде потребна хирушка интервенција.