Наместо здодевни бели линии, во Лондон беше поставен еден интересен пешачки премин на кој беа нацртани графити од цртаниот Чарли Браун, Луси Снупи, Вудсток и Марси како ја преминуваат улицата.
Графитот е инспириран од насловната на албумот на легендарните Битлси, кои се сликани како ја поминуваат улицата Аби. Корицата на албумот на Битлси е една од најлегендарните и најкопираните корици на албуми во светот.