Според пишувањето на познат српски таблоид, познатата актерка Анџелина Џоли во деведесеттите години била во врска со М.Р. од Белград или познат како Мишо од Ѕвездара.
Мишо и убавата актерка, наводно живееле заедно неколку месеци, а потоа тој ја оставил. Анџелина подоцна се омажила за својот колега Били Боб Тортон.
Мишо се иселил од Белград во 1991 години по завршувањето на средното училиште. Се преселил во САД кај неговиот постар брат и се вработил во компанија која што организирала гламурозни забави за познатите од Холивуд.
Убавиот Срби и актерката, чија кариера тогаш била во подем, се сретнале на една забава. Бурната повеќемесечна врска завршила во пролетта 1999 година.
Српскиот таблоит пишува дека уште пред неколку години кога Анџелина разговарала со новинари од Србија била шокирана од прашањето за старата љубов. Збунето само накратко одговорила: “Од каде дојдовте до ова информација? Па, тоа беше многу одамна….”