Каква шминка ти треба за да оставиш добар впечаток?

popara24 јануари, 20121min00
b

Првиот впечаток е секогаш најважен. Ете зошто треба да се погрижите за својот совршен изглед кој подразбира убава но ненаметлива шминка, соодветна облека и најважното – позитивна енергија.

Ако нанесете премногу шминка на првиот состанок, бидете сигурни дека впечатокот што ќе го направите нема воопшто да биде добар.

Затоа изберете лесна и секси шминка, со што ќе му покажете дека истовремено сте природна и жена која се грижи за себе.

Првото нешто врз кое треба да се концентрирате се очите, бидејќи првиот контакт со избраникот се воспоставувува имено преку очите.

Нанесете црна маскара, може и тенка очна линија, но не претерувајте со сенките и вештачките трепки.

За примамливи усни нанесете кармин или нежен сјај во праска нијанса, бидејќи оваа шминка докажано нема утка.

И сепак имајте на ум дека состанокот може да заврши со бакнежи па затоа не претерувајте и со сјајот.

Нема ништо поубаво од лесна шминка за прв состанок, така ќе може да ве види вас самата, вашите црти и атрибути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma