Доколку го сакате вкусот на чоколадата, може да направите чоколаден сапун со кој ќе уживате во аромата и бојата на чоколадото.
За да направите чоколаден сапун, потевни ви се 120 гр. проѕирен течен сапун, 20 капки масло со арома на чоколадо и 2 лажички какао во прав.
Течниот сапун сипајте го во тенџере и „гответе“ го на тивок оган. По некое време извадете 2 лажици од сапунот и промешајте ги со какаото се додека не добиете густа паста. Пастата промешајте ја со маслото со мирис на чоколадо, па додадете го и преостанатиот растопен сапун. Смесата сипете ја во калап во форма по желба и иставете го да се излади во фрижидер околу еден час.