Дали Тоше ќе постигнеше светска слава?

popara25 јануари, 20121min00
the hardiest thing

Трагичната смрт на Тоше Проески ги беше големо разочарување и за неговите менаџери во Англија, кои на нашиот пејач му предвидуваа блескава кариера во светски рамки. Тоше се наоѓаше во самиот крај на новиот албум на англиски јазик, а најава за проектот беше дуетот со познатата италијанска пејачка Џана Нанини, кој премиерно беше изведен на големиот концерт за Денот на вљубените – 14 Февруари 2007 во белградска „Арена“. Ненадејната смрт ги прекина сите планови и остави еден куп недовршени проекти, меѓу кои и освојување на музичка Европа.

„Јас бев апсолутно шокиран од веста! Тоше беше прекрасна личност. Навистина беше вистинска привилегија да запознаеш некој кој е толку талентиран и пријатен. Кога дојдовме на концертот во Скопје, тоа за нас беше вистинско чудо – 30.000 луѓе на различна возраст уживаа во повеќе од тричасовниот концерт. Не знаев ниту една од песните што ги пееше, но уживав во целиот концерт“, изјавил Енглер.

Енглер се потсетува дека Тоше престојувал во Англија неколку пати, за тоа време се снимале новите песни и спотови. „Тоше доаѓаше во Лондон во неколку наврати за да ги сними песните за англиското CD. Работевме со неколку различни луѓе, но секогаш првите состаноци, средби започнуваа исто: Тоше ќе пееше, или соло или во придружба на гитара, и тоа беше повеќе од доволно за веднаш да се убеди некој да учествува во проектот“, изјавил Енглер.

Тоше беше на прагот на блескава светска кариера. „Верувам во своите квалитети и во квалитетите на луѓето околу мене. Чувствувам капацитет што треба да излезе од сегашните рамки“, изјавуваше Тоше, кој со нетрпение го очекуваше првенчето наменето за европскиот пазар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag