Сварете ги макароните и измијте ги со ладна вода. Пропржете ги исецканите домати и обарениот морков, па во нив додадете ги исцедените макарони и се заедно нека се пропржи. Во друг сад растопете го маргаринот, па додадете му 2 лажици брашно и добро измешајте. Додека се вари додадете го млекото и мешајте без престан. Додадете сол, бибер и други зачини по желба, и варете додека не се згусне. Подмачкајте ја тавата и ставете еден ред од макароните со зеленчук. Потоа ставете од бешамел сосот, па коцките шунка, малку кашкавал и повторете ја постапката уште два пати. Изматете ги јајцата и прелијте ги макароните. Одозгора ставете кашкавал и посолете со сусам. Тавата ставете ја во ререна да се пече 15 минути.
Потребни состојки:
300 гр макарони
200 гр шунка
100 гр кашкавал
100 гр маргарин
1 домат
1 варен морков
2 јајца
2 шољи млеко
2 лажици брашно
сусам
сол и бибер