Холивудската актерка Камерон Дијаз, најпозната по нејзините многубројни улоги во комедии има нов дечко. 39-годишната Камерон, после врската со три години помладиот безбол играч Алекс Родригез одлучи да се смири со малку позрела личност, 42-годишниот рапер и моден дизајнер, Пи Диди.
Гласините за нивната врска започнаа уште пред неколку месеци, кога беше објавено дека три години се “пријатели со бенефиции”. Неодамна беа за прв пат видени заедно во јавноста и тоа на забавата која беше организирана после манифестацијата Златен глобус. Еден од присутните на забавата откри: “Тие беа заедно и изгледаа многу заљубено”. Актерката сепак се обидува на секој можен начин да го избегне фотографирањето со новиот дечко, па од забавата буквално избегаа пред да ги “фатат“ фотографите.