Победник на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина е Луис Хамилтон, возачот на Мекалрен, кој така ја прекина низата на шампионот Себастиан Ветел од Ред Бул, кој на стазата во Шангај го завзеде второто место. Најниското скалило на победничкиот пиедестал го завзеде тимскиот колега на Ветел, Марк Вебер.
Бодови освоија уште и Џенсон Батон (Мекларен), Нико Розберг (Мерцедес), Фелипе Маса и Фернандо Алонсо (Ферари), Михаел Шумахер (Мерцедес), Виталиј Петров (Рено) и Камуи Кобајаши (Заубер).
Во генералниот пласман по три трки води Ветел со 68 бода, Хамилтон е втор со 47, Батон трет со 38 бода, а четвртопласираниот Вебер има 37.
Следната трка ќе се вози на 8. Мај за Големата награда на Турција.
Извор: Нетпрес