Иако кралското семејство во строга тајност го криеше името на дизајнерката на фустанот на Кејт, сепак успеа да се дознае во јавноста дека тоа е дизајнерката Софи Кренстон, која работи за модната куќа “Libelula”. Тоа е инаку омилениот моден бренд на идната принцеза Кејт Мидлтон. Таа на почетокот на годината избрала фустан од оваа дизајнерка за свадбата на нејзиниот пријател. Се шпекулира дека Софи има направено неколку фустани за големиот ден, па доколку има некоја непредвидена ситуација нема да дојде до проблем.
Инаку како можни дизајнери на свадбениот фустан на Кејт беа наведени Сара Бартон, Алис Темперлеј, па дури и Викторија Бекам која посериозно почна да се занмава со модата.