Растителните влакна во борба со килограмите

popara30 јануари, 20121min00
d

Растителните влакна се едни од најефективните, здрави и евтини начини за да ја намалите телесната тежина. Растителните влакна се материјал од растително потекло што не се усвојува од тенките црева, поточно тие не се преработуваат во стомачниот тракт на човекот целосно. Тие представуваат група јаглехидрати или нивни соединенија кои поседуваат три основни својства:

Не подлежат на целосно разградување од страна на дигестивните ферменти, имаат способност да стигнат до дебелото црево во неизменет вид и го подобруваат варењето на храната.

Постојат многу продукти кои се особено богати со растителни влакна. Овошјето и зеленчукот особено јаболкото, сливите, цвеклото и доматите. Вклучувањето во секојдневното мени ќе помогне за нормализирање на варењето на храната. Понатака зелените и зрнести култури меѓу кои гравот, марулата, руколата, спанаќот и др. Помагаат да се намали приемот на калории. Зрнестите култури како трици, овесни јадки, компири, пченка и пченица и јачмен припагаѓаат во истата група. Затоа се препорачува белиот леб да го замените со полнозрнест и повеќе житарици во дневното мени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag