Кинеските власти забраниле во градинките да им се гата на децата според дланките во северната кинеска провинција Шанси, пренесува кинеската новинска агенција Синхуа.
Иако многу родители сакаат да им се чита од дланките на нивните деца, пред се поради фактот дека тие веруваат дека тоа ќе им го каже потенцијалот на детето и неговата интелигенција, сепак некои од нив подоцна се жалеле на високите цени, која во просек изнеснувала 190 долари за едно читање од дланка.
Локалниот шеф на полицијата изјавил дека за сега читањето и гатњето на дланка е забрането , а дополнително ќе се истражува компанијата која ги вршела тестирањата дали направила некаков прекрошок на законите.
Предвидувањето на судбината, читањето од дланка, имаат длабоки корени во кинеската традиција и се уште се практикуваат. Сепак дел од кинеските лидери се обидуваат да ги обесхрабрат луѓето од овие практики кои ги сметаат за суеверие.