Актерот Шон Пен е прогласен за амбасадор на Хаити. Познатиот актер титулата ја заслужил со својата хуманитарна работа по катастрофалниот земјотрес што го погоди земјата 2010 година.
На церемонијата, Мајкл Мартел, претседател на Хаити, му се заблагодари на Пен што вниманието на јавноста се уште се обидува да го задржи во Хаити.
Актерот од самиот почеток е вклучен во хуманитарни активности. Тој е основач на организацијата за помош на Хаити “J/P Haitian Relief Organisation” која помогнала да се изградат кампови во кои илјадници луѓе погодени од земјотресот најдоа засолниште.