Иако нејзината здравствена ситуацијата е алармантна, 49-годишната Деми Мур, наводно, одбива да оди на третман од зависност од анорексија и дрога. Деми отсекогаш била една од најслабите во Холивуд, но со текот на годините се “стопи” до навистина опасна фаза на слабост.
Како се менуваше нејзиниот изглед низ годините, можете да погледнете од фотографиите – правата фотографија е од 1981 година – кога 18 годишната Деми се фотографираше за магазинот Oui, а последната е една од најновите фотографии од познатата актерка. Деми после прекинот на врската со Ештон Качер, поради стресот дополнително ослабе.