Конфликтите се нормална појава во секоја љубовна врска. Но кога тоа ќе се случи, жените се тие кои страдаат повеќе зошто чувствуваат поголема болка и тага отколку мажите. Не верувате? Веќе е докажано.
Научници потврдуваат дека дамите се помирољубиво расположени по време на скандали. Истото истражување покажува дека жените има зошто да бидат загрижени, бидејќи мажите се тие кои ги предизвикуваат повеќето кавги во врската.
Во проучувањето учествувале 142 мажи и жени кои биле поставени во различни ситуации во кои обично паровите се расправаат. Во случаите кога партнерот бил физички агресивен по време на скандалот жените се чувствувале разочарани од мажите воопшто. Експертите закључуваат дека во моментите кога избие конфликт во врската емоциите кај дамите се поинтензивни од тие кај господата. Тие се уверени дека мажите стојат зад повеќето расправии, а тоа го објаснуваат на следниов начин – „По време на конфликтите кај силниот пол се појавуваат доминантни или моќни емоции како гнев и презир, а кај жените покорни емоции како вина, тага и страв“.
One comment
vladimir
24 декември, 2012 at 05:52
cista vistina mazite se krivi deka sekoj vtor zbor na zenite e laga !