Ловецот на богатство Грег Брукс тврди дека открил остатоци од брод од Втората светска војна полн со платина која сега вреди три милијарди долари.
Грег кој инаку работи за Sub Sea Research, изјавил дека остатоците од бродот се наоѓаат 80 километри од атланскиот брег на САД, а бродот потонал во 1942 година.
Порт Николсон бил британски трговски телефон кој бил нападнат од германците, а на кој погинале шест лица.
Но, постојат и скептици. „Се уште не сме истражиле што се наоѓа во бродот. Нашето почетно истражување укажува дека во остатоците на бродот има најмногу машини и воена опрема“, изјавил Ентони Шуст, адвокатот кој ја застапува британската влада.
Брукс, пак, тврди дека на бродот има платина која Советскиот сојуз ја испратил за САД како дел од воена залиха.