Сите во селото добиле џек пот, освен тој! Баксуз невиден! :)))

popara4 февруари, 20121min00
141726

Костис Мицотакис е единствениот во своето место кој не уплатил тикет и не станал добитник.

Гркот Костис Мицотакис кој живее во шпанското село Содето, е единствениот во своето место кој не уплатил тикет, со кого 69 домаќинства освоија 720 милиони евра. Инаку, него не му било понудено да купи тикет, бидејќи живее малку подалеку од центарот на селото и едноставно го заборавиле.

Сите кои учествувале во пополнувањето на тикетите ставиле исти броеви, па така околу 70 домаќинства ја освоиа главната награда џек пот од 722 милиони евра. Секој од нив сега би требало да добие по 96.000 евра. За Мицотакис ова не е прв малер во ова место. Имено, тој се преселил таму поради девојка, но нивната љубов брзо завршила, а тој продолжил да живее во селото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma