Те сакам, но не и да се оженам со тебе!

popara6 февруари, 20121min00
zz

Има една многу интересна приказна – човек и добро да си живее, се некогаш се жени. А што поточно би требало ова да значи? Дека бракот е неизбежен дел од животот, што те стига рано или касно, те зграпчува и стиска се додека не заборавиш за среќното минато и не почнеш да живееш во подреденета иднина?

Бракот е еден вид крај на личната слобода или робство но во тоа нема ништо лошо. Зошто бидејќи стапуваш во сојуз со некого ти се лишуваш од слободниот избор, за да се посветиш на другиот избор, што на теорија би требало да ти носи огромна среќа. Но во пракса животот после свадбата како да не е толку сладок и розов.

Еднаш, една многу паметна плавуша ми рече дека „Бракот секогаш бил и ќе биде економски сојуз.Ништо повеќе“ А љубовта, се прашувам јас? Љубовта веројатно е нешто како бонус за првите 3 години, а потоа послебрачни решенија на предбрачните договори или кој од каде е…

„Не не сакам да се оженам. Не сакам да пресметуваме кој месец е најдобриот за церемонијата, не сакам да се караме за изборот на кумот, ниту да си ја потрошам цела заштеда за еден ден. Не можам да се колнам на верност засекогаш и да се лажам себе си, гостите, Бога и неа. Не сакам да го делам имотот потоа, да плаќам адвокати, некако не ја гледам логиката на разводот. Не нема да ја побарам, ниту да се согласам ако таа се понижи да ме побара мене.“

Но што ќе си помисли? Без свадба ги нема белиот фустан, првиот танц, старосватиците, убавите зборови пред олтарот, заветот. Како да и кажам, дека ја сакам, но не сакам да се оженам со неа? Ваквото признание би ги убило нејзините соништа, а со тоа можеби и љубовта кон мене. Ова е тоа што се врти во мислите на мажите кога ќе замириса на брак. Јас ги оправдувам, а вие?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag