Анфај Као од Тајван три месеци се тетовирала и трпела болка само за да ги добие омилените јунаци од Дизни на својот грб.
Девојката има 27 години и на овој начин сакала да им оддаде почит на совите омилени дизниеви јунаци од бајката, Снежана и седумте џуџиња. За да го направи тоа таа се тетовирала три месеци.
Анфај признала дека неколку пати се мислела дали да се повлече бидејќи трпела големи болки. На ваква идеја девојката дошла откако ги сонувала јунаците од бајката. Сонот ја потсетил на детството и љубовта кон овој цртан филм.
Нејзината тетоважа е наградена на меѓународната конференција на тетоважи во Сингапур.