Катедралата која се наоѓа во близина на Бергамо. Италија, на подножјето на планината Арена е една од најимпресвните пример на органска архитектура.
Катедралата е дело на архитектот Џулиано Маури, кој ја создал катедралата од живи дрвја користејќи ги нивните стебла и гранки. Тој својот проект го започнал во 2001 година, но нема да го види завршен бидејќи ненадејно починал во 2009 година.
Во негова чест гратските власти решиле да го продолжат проектот. Катедралата се состои од 42 редови на ореви и костени кои плански се распределени за да бидат столбовите на капелата. Таа ќе биде готова дури по неколку години, но мора да признаеме дека и сега изгледа навистина фантастично.