Мистреиозен Манастир на Атлантикот

popara19 април, 20111min00
skellig michael 3

Девет милји од брегот на округот Кери во западниот дел на Ирска постојат два мали карпести острови кои ѕиркаат од Атлантскиот Океан. На едниот од нив е изграден извонредниот стар Манастир, кој е стар околку 1400 години. Кога се приоѓа кон островот има мала, навидум незабележлива патека која води кон големиот Манастир.

Се верува дека Манастирот Skelling Michael е основан во одреден момент од седмиот век, а монашкиот живот таму опстојува повеќе од 600 години. Причината зошто тој беше загубен во песоците на времето се бара во непристапноста на островот, па она што монасите го оставиле останало речиси непроменето.

Името на манастирот е превземено од ирскиот јазик. Тој се наоѓа на врвот на островот, и самиот тој факт значи дека обесхарбрува многу туристи да дојдат и да го посетат. Лесно е да ги замислите раните ирски Христијански монаси како одат кон манастирот, но тие оставиле се за манастирот да им биде дом.

Манастирот е терасовиден. Трите скали на почетокот го означуваат Светото Тројство. Во склоп се наоѓа и црквата која е изградена некаде во 13-от век, чии ѕидови се дебели околу два метра.

Како резултат на влошувањето на состојбата на манастирот сега и посетите на туристите се ограничени. Се смета дека мистеријата со напуштање на карпата никогаш нема да биде решена на задоволителен начин. Мала е веројатноста дека она што сега може да се види на островот е непроменето. Населеноста на островот продолжува, а напуштањето на монасите од манастирот се верува дека го обезбедило опстојувањето на манастирот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag