Земјата на Дегонците – Земјата на најголемата почит кон културата

popara8 февруари, 20123min00
6

Многу интересни факти и многу различна традиција која заслужува да биде видена…

Монти, е област во Мали, каде што живее мала група на луѓе, која брои помалку од милион. Буквално, луѓето овде живеат за да ги задржат единствените архитектонски и културни наследства во кои уживале стотици години. Нивниот „аутсајдерски“ начин на живот и нивните живеалишта изгледаат чудно, дури и бизарно, но сепак според Дегонците, жителите на ова место, изолирани на нивното плато, овде општеството и архитектурата еволуирале на уникатен начин.

Лицата најстарите, античките Дегонци, можат да бидат видени на карпите.  Симболично за Дегонците било дека тие живееле во огромен страв. Причината била оправдана: сите жени и деца во ова место биле убивани или третирани како робови.

Целосната приказна за покорноста на овој народ ја завршува преданието дека всушност за да останат достојни на својата религија и да не бидат Исламизирани. На ѕидовите од карпите денес сведочат интересни  уметнички цртежи, кои ги симболизираат нивните ритуали. Интересно е дека живеалиштата на Дегонците имаат различни значења. Така, зашилените покриви ги претставуваат машките житници, односно местата каде што се складира житото, а уште позашилените покриви ги претставуваат женските житници, односно местата каде жените ги чуваат нивните предмети. Жените инаку се финансиски независни од нивните сопрузи.

Земјата има свој духовен лидер- Hogon . Изборот  се одржува помеѓу најстарите мажи , а кога лидерот ќе биде избран, жителите имаат забрана да го допрат, тој не смее да се бричи и да се пере. Исто така, ритуал е негова домаќинка да биде девица, која допрва треба да влезе во пубертет, која му станува жена за време на неговиот мандат и  со која единствено може да ги задоволува своите потреби.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag